Објавено на:

Бела куќа: Разговорот меѓу Путин и Трамп помина „многу добро“

t

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, го завршија телефонскиот разговор кој започна во 15 часот по средноевропско време, соопшти Белата куќа.
Разговорот траеше два и пол часа.
Си-Ен-Ен објави, повикувајќи се на руски извор, дека разговорот поминал „многу добро“.
Претходно, заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател, Ден Скавино, на својата страница на мрежата Х објави кога започна разговорот.

Како што додадоа во Белата куќа, по разговорот американскиот претседател ќе им се обрати на медиумите.
Во исто време, Кремљ објави дека двајцата лидери разговарале по телефон веќе еден час.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја најави средбата меѓу двајцата претседатели во понеделник и рече дека главна тема, пред се, ќе биде решавањето на украинското прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…