Белгиската полиција разби албанско-бугарска нарко група: Запленети кокаин и хероин
Белгиската полиција разбила албанско-бугарска нарко група која била активна на територијата на оваа земја.
-Во акцијата уапсени се 11 лица, извршена е котрола во нивните домови во повеќе градови во Белгија, при што запленети се четириесет килограми кокаин и тринаесет килограми хероин, 100 илјади евра, за кои постојат основи на сомнение дека се стекнати од продажба на дрога, 12 парчиња огнено оружје, повеќе палети со тутунски производи и неколку возила, јави Ора њуз.
Нарко бандата користела возила опремени со скриени прегради за транспорт на дрога што доаѓала од Холандија, дистрибуирајќи ја во Белгија и Обединетото Кралство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…
Белгија продолжува да се бори со најголемиот…
Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…
Повеќе лица загинаа, а голем број се…
Белгија почна да произведува системи за откривање…
Белгија во соработка со австралиска компанија почна…
Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…
Во белгискиот главен град Брисел е воведен…
Училишен автобус се удри во воз во…
Неколку лица загинале откако воз се судрил…