Објавено на:

Белгија отвори „Музеј на размислување“

t

Универзитетот на Гент, Белгија, отвори нов научен музеј, оценет како „Музеј на размислување“, со цел е да ги стимулира своите посетители, но и самите научници, бидејќи науката „не е готов одговор, туку стекнување знаења и идеи преку сомнеж, неуспех, повторен обид, креативност, размисли, храброст и неочекувани откритија“.

Универзитетот одлучи да заземе поинаков пристап со својот нов музеј, бидејќи нема експонати на големи научни достигнувања и потфати. Концептот е следниот, посетителите го следат истиот пат како и истражувачот и ги следат неговите постапки, пропусти и размислувања на седум теми, и тоа – хаос, сомнеж, шема, мерење, знаење, замисли и мрежа.

За секоја тема се собрани предмети од различни дисциплини, како биологија, археологија, психологија, медицина, архитектура и уметност.

Во музејот се изложени повеќе од 400.000 предмети собирани последниве 10 години. Впечатоците од Музејот, првично се позитивни, бидејќи го поттикнува интересот на јавноста за науката преку иновативна програма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…

Белгија продолжува да се бори со најголемиот…

Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…

Повеќе лица загинаа, а голем број се…

Белгија почна да произведува системи за откривање…

Белгија во соработка со австралиска компанија почна…

Хаос во воздушниот сообраќај во Брисел: Откажани…

Во белгискиот главен град Брисел е воведен…

Училишен автобус се удри во воз во…

Неколку лица загинале откако воз се судрил…