Бербок во Киев: Германија ќе ја поддржува Украина долгорочно
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок утрово пристигна во посета на Киев, што е нејзина четврта посета на Украина.
Нејзината посета не беше најавена поради безбедносни причини, јави Зидојче Цајтунг.
Бербок со украинските функционери ќе разговара за подготовките за претстојната зима, за украинските деца кои наводно биле насилно депортирани во Русија, како и за изгледите на Украина да стане членка на ЕУ.
– Секој ден нов ужас, секој ден ново страдање и смрт. Тоа е безмилосната реалност на луѓето во Украина секој ден, рече Бербок по пристигнувањето.
Германскиот весник наведува дека Бербок при посетата на Киев ќе каже дека Германија долгорочно сигурно ќе застане на страна на Украина и оти ќе ја поддржи политички, економски и воено.
Бербок рече дека Украина може да се потпре на фактот што Германија го смета проширувањето на ЕУ за неопходна геополитичка последица од руската инвазија и оти Берлин решително ќе му помогне на Киев на патот кон ЕУ.
Украина има статус на кандидат, а одлуката за почеток на пристапните преговори со ЕУ се очекува на Европскиот совет во декември.
Бербок најави и дека ќе биде домаќин на конференција во Берлин на која ќе се разговара за неопходните промени во ЕУ за да може да ги прими Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Пијан работник од депо украл трамвај во…
Дваесетгодишен работник во трамвајско депо во Киев,…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Мртво бебе оставено во торба на улица…
Минувачи пронашле мртво новороденче (женско) покрај патот…