Берзите се тресат- нафтата над 95 долари, се стравува од ново зголемување на каматите

t

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под силен притисок. Азиските берзи утрово паднаа остро, откако новото разгорување на конфликтот меѓу САД и Иран ги зголеми стравувањата дека поскапата нафта повторно ќе ја поттикне инфлацијата и ќе ги натера централните банки да ги зголемат каматните стапки.

Според Ројтерс, индексот МСЦИ/MSCI на азиско-пацифичките акции падна околу 2 отсто, додека корејскиот KOSPI се намали за речиси 4 отсто, а јапонскиот Никеи/Nikkei за 2,9 отсто.
Нафтата дополнително го зголеми притисокот врз пазарите. Цената на Брент се искачи над 95 долари за барел, достигнувајќи петнеделен максимум, поради стравувањата дека конфликтот може да го наруши транспортот низ стратешки важниот Ормуски теснец.
Растот на цената на енергенсите создава нов проблем за централните банки. Поскапата нафта значи повисоки трошоци за транспортот и производството, што може повторно да ја забрза инфлацијата.

Во исто време, американскиот 10-годишен принос достигна 4,81 отсто, највисоко ниво во речиси три години. Тоа дополнително ги притиска акциите и ги зголемува трошоците за задолжување.
Пазарите сега сè повеќе очекуваат Федералните резерви да ги зголемат каматите на следниот состанок. Според пазарните проценки цитирани од Ројтерс, шансата за зголемување од 0,25 процентни поени се движи околу 67 отсто.
Претседателот на ФЕД, Кевин Ворш, неодамна предупреди дека централната банка ќе мора да преземе дополнителни мерки доколку нема доволно уверување дека инфлацијата се движи кон целта од 2 отсто. Во услови на зголемена неизвесност, инвеститорите се свртуваат кон посигурни средства, а американскиот долар повторно зајакнува.

Сè поголем проблем станува и состојбата на пазарот на обврзници. Растот на приносите значи дека инвеститорите бараат поголем принос за да го преземат ризикот, што може дополнително да го поскапи финансирањето за државите и компаниите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…

Трамп: Нафтата е подарок од Венецуела за…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

Нафтените гиганти од САД објавија рекордни добивки

Нафтените гиганти ЕксонМобил и Шеврон заработија вкупно…