Берлин ја менува автомобилската индустрија со производство на оружје
Германија се свртува од автомобили кон оружје а со тоа ќе се обиде да го претвори индустрискиот пад во бум на одбранбената индустрија.
Имено, по децении земјата која беше како мотор на европското производство, сега се соочува со најдолгиот период на индустриска стагнација од Втората светска војна, под притисок од конкуренцијата од Кина и слабеењето на побарувачката. Одговорот на Берлин е радикален, Германија планира да ја трансформира својата индустриска база во воен арсенал на Западот, пишува „Волстрит журнал“.
Бројќите ја покажуваат длабочината на проблемот. Околу 15.000 работни места исчезнуваат од германската индустрија секој месец, при што „Мерцедес-Бенц“ објави пад на профитот од 49 проценти во 2025 година, додека „Фолксваген“ се соочува со пад од 44 проценти и најави елиминација на 50.000 работни места до 2030 година.
Германскиот гигант „Порше“ исто така не е исклучок. Неговиот оперативен профит е намален за 98 проценти во споредба со 2024 година. Секторот за услуги во земјата сега сочинува околу 70 проценти од економијата, но индустријата сè уште сочинува една петтина од економијата и е силно поврзана со остатокот од системот.
Бидејќи американските безбедносни гаранции изгледаат помалку сигурни, а Европа брзо ја зајакнува својата одбрана, Берлин сака да се позиционира како клучен столб на европската воена индустрија, наведува весникот.
Фолксваген во преговори со Израелците за производство на Патриот
Фолксваген е во преговори со израелски партнери за производство на компоненти за својот систем „Железна купола“ од 2027 година, а голем број компании веќе произведуваат оружје и муниција за Украина, а пресретнувачите „Патриот“ наскоро ќе се произведуваат во Германија.
Речиси 90 проценти од европскиот ризичен капитал за одбранбени технологии оди кај германските компании.
„Европа мора да може да се одбрани, а тоа значи градење силна одбранбена индустрија“, изјави министерката за економија Катерина Рајхе.
Владата го охрабрува претворањето на индустриските компании во производители на воена опрема барем за оние кои се соочуват со економски потешкотии. Големи промени се видливи и на ниво на поединечни компании. Дојц, историски производител на мотори, се соочи со криза непосредно пред руската инвазија на Украина.
Трансформации на компаниите
Трансформацијата на компанијата стана моја работа, вели нејзиниот извршен директор Себастијан Ц. Шулте
ѓНашата предност се стабилните синџири на снабдување, она што функционира за индустријата ќе функционира и за одбраната – додаде тој.
За разлика од традиционалните компании за одбрана, автомобилската индустрија може брзо да го зголеми производството. На пример, Локхид Мартин произведува околу 620 пресретнувачи за системот Патриот годишно, и покрај големата побарувачка. Германскта фабрика Дојц како што наведува „Волстрит журнал“ реагираше побрзо, па така денес снабдува мотори за воени системи и беспилотни платформи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Берлин ја менува автомобилската индустрија со производство…
Германија се свртува од автомобили кон оружје…
Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и…
Претрес во Охрид, пронајдени дрога, оружје и…
Претрес во кичевско, пронајдени оружје и муниција
На 16.04.2026 во 16:15 часот во с.Горно…
Швајцарија го запира извозот на оружје во…
Швајцарската влада во петокот објави дека ставила…
Белата куќа на состанок со големите компании…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе…