БЕСА со закана до власта: Веќе нема да бидеме конструктивни

t

Нема да дозволиме преседаните на актуелното мнозинство СДСМ-ДУИ да поминат во молк, изјави денеска, на прес-конференција во Собранието, пратеникот на Беса, Бастри Бајрами по вчерашното разрешување на неговиот сопартиец Фадил Зендели од собраниската Комисија за избори и именувања.

-Сведоци сме дека последните три дена во Собранието се водеше расправа во која аргументите и процедурите беа надгласани од мнозинството, и покрај тоа што ние како пратеници на Беса бевме многу конструктивни и отворени за дијалог. Се чини дека актуелното мнозинство го сфати тоа како слабост и по секоја цена го разреши пратеникот Фадил Зендели од Комисијата за избори и именување, рече Бајрами.

На прес-конференцијата присуствуваше и Зендели, а Бајрами истакна дека сите проекти, кои не се во интерес на граѓаните, туку се тесен интерес помеѓу владејачката коалиција, ќе добијат вистински одговор преку собраниските инструменти.

-Ние обезбедивме дијалог додека мнозинството СДСМ-ДУИ нуди деструктивност и сила. Затоа од утре ќе се соочат со максимална посветеност на движењето Беса, со сите демократски правни форми кои ни ги овозможува регулативата на Собранието и политичкото дејствување, рече Бајрами.

Според него, денеска се поставува прашање што подготвува власта, која, како што посочи, „по секоја цена бара да има мнозинство во Комисијата и дали се обидува да ги партизира јавните институции со именувања во Собранието”.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

(Фото) Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се…

Бугарскиот провокатор Виктор Стојанов им се заканува…

Груевски им ја расипа шестгодишната медитација на…

Поранешниот премиер Никола Груевски им ја расипа…

(Видео) Коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е…

Најубава комбинација за Левица е Влада меѓу…

(Видео) Апасиев открива што прво ќе направи…

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во денешната…