Кумановец отстранет од домот откако и се заканувал на снаата дека ќе ја убие
Отстранет од домот кумановец кој се заканувал на снаата по живот, како и на другите во домот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот законик.
– Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот Н.Л., исто така, ѝ упатил закани по животот, информираа од полицијата.
По предлог на СВР Куманово, Основен суд Куманово донесе решение за итна мерка отстранување од домот во времетраење од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…