Бехтел и Енка побара од Стопанската комора поддршка за обезбедување доволно работна сила

t

Стопанската комора информира дека престедателот Бранко Азески со соработниците имал средба со раководството на компанијата Бехтел и Енка, на која на компанијата ѝ било посочено дека е важно автопатот што се гради да биде завршен на време. Од компанијата побарале соработка со Стопанската комора во насока на обезбедување на доволен број работници како и стручен кадар во наредниот период.

Азески повтори дека се работио за круцијален и најголем инфраструктурен проект значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко. Претставниците на Бехтел и Енка известија дека тие интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Бехтел и Енка побара поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4.000 работници (квалификуван кадар-инженери… како и неквалификуван кадар-општи работници).

Американско-турската корпорација од Стопанската комора на Македонија доби ветување дека ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д).

Двете страни се договорија и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект, се вели во соопштението на Стопанската комора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…

Утре до 23 степени, од четврток промена…

Времето утре ќе биде сончево со мала…

Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…

Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…

Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…

Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…

Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…