Беќаровски: Дали поверувавте дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче?

t

Секој доктор кој ќе го прочита извештајот од ДСЗИ ќе се сложи дека колешките од Битола го направиле максимумот кој го имале на располагање.

Секој здравствен работник добро знае каква траума е кога го давате најдоброто од себе, а сепак пациентот го губите. Можете само да претпоставите каков е шокот кога тоа е младо беспомошно девојче кое починува во Вашите раце.

Секој од нас во својата кариера се соочил со вакви траорни моменти на немоќ и покрај енормниот вложен труд и желба да го направи најдоброто.

Тоа се Тие моменти кога искрено сакате никогаш да не сте го облекле белиот мантил, а оставаат лузни кои никогаш не исчезнуваат. Со денови, месеци, некогаш и години се преиспитување дали сте можеле да постапите поинаку. Не е случајно што просечниот докторски живот е пократок за цели пет години од просечниот животен век.

Можам да го разберам, но не и да го оправдам гневот на сите оние кои овие денови рафално стрелаа по белиот мантил без релевантни податоци. Народот е гневен од целокупната состојба и бара жртви. Но дали за момент помисливте дека тие две докторки имаат семејство, деца.

Дали поверувате дека две докторки кои се и мајки, ќе се однесуваат несовесно кон беспомошно шестгодишно девојче.

Можеби некогаш ни фали повеќе знаење, многу почесто ни фали модерна и брза дијагностичка апаратура која ќе ни помогне да дојдеме до вистинската дијагноза, за жал не така ретко ни фали и соодветна терапија, која знаеме дека ќе помогне но ја немаме, но верувајте за овие 34 години носење на белиот мантил, ретко сум видел колеги без емпатија кон вистински болните пациенти.

Да, и ние понекогаш грешиме, бидејќи не сме совршени, уште помалку безгрешни богови.

Да, треба да бидеме напаѓани и плукани секогаш кога нема да има максимална совесност, бидејќи ни го давате на доверба најскапото, Вашиот или животот на Вашите најмили, но немојте да жигосувате по првите сензационални написи по порталите.

Вистината секогаш на крајот излегува на виделина, но траумите нанесени на инволвираниот персонал остануваат, а премногу малку бели мантили останавме.

На крајот моето најдлабоко сочувство до семејството на починатото ангелче и искрена подршка за колегите од битолската болница кои не го затемнија белиот мантил, а преживеа невидени стресови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гејминг-индустријата на Србија ги удвои приходите минатата…

Минатата година српската индустрија за игри заработила…

Водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Безживотното тело на Б.Ј. (1977) е пронајден…

Вучиќ ни се налути: Коспонзорството на резолуцијата…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ коментирајќи го…

Даштевски: ДИК е подготвена да спроведе фер,…

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски…

Шолц: Војната во Украина би можело да…

„Никој не може да каже дали оваа…