БИГОРСКИ МАНАСТИР БАРА ИЗВИНУВАЊЕ ОД ОРГАНИЗАТОРТЕ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ – „Длабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ“

t

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ. 

„Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.

По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, се вели во реакцијата од Бигорскиот манастир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински „бандити“ упаднаа во христијански манастир

Еден од бандитите му скршил вилица на…

Три лица се повредени при пукање на…

Три лица, меѓу кои и напаѓачот, се…

Со 1,5 милиони денари ќе се заштитува…

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информира…

Манастирот Пресвета Богородица во Матејче утре го…

Манастирот Пресвета Богородица Матејче се наоѓа на…

Ограбен манастир во Катланово: Украдени се икони

МВР информира дека дошло до грабеж на…