Видео-обраќање на Столтенберг: Македонија ја целосната заштита на НАТО

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето видео обраќање на Одбранбениот форум 2023, пред присутните истакна дека Македонија активно придонесува кон колективната безбедност, има место и рамноправен глас на масата на НАТО и ја ужива целосната заштита на Алијансата.

„Денес, Македонија има место на масата на НАТО, рамноправен глас во нашите дискусии и ја ужива целосната заштита на НАТО Алијансата. Неодамна, Македонија се соочи со намерни и континуирани хибридни напади, вклучувајќи закани со бомби и сајбер напади. Но, вие не бевте сами. Експерти на НАТО отидоа во Скопје за да споделат информации и да обезбедат техничка поддршка. Ова е конкретен пример за придобивките од НАТО. Членството, исто така, помага да и се даде на Македонија Стабилност што е основа на економскиот раст и помага да се шири безбедноста во Западен Балкан. Македонија, исто така, ја зголемува безбедноста на нашата Алијанса, придонесувајќи со војници во нашите борбени групи во Бугарија, Латвија и Романија и ги поддржува нашите мисии во Косово и Ирак. Ние сме семејство на демократии посветени да се бранат едни со други. Сите за еден и еден за сите“, рече генералниот секретар на НАТО, Столтенберг во своето видео обраќање.

На Одбранбениот форум има над 250 присутни, а со свое обраќање во петте панели имаат претставници од Македонија, СР Германија, Белгија, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…