Објавено на:

Билетите за Украина ќе се продаваат од понеделник – цената 300 и 400 денари

t

Македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи против Украина на 16 јуни од 20.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а продажбата на билети ќе почне в понеделник, на 5 јуни.

Продажбата на билети ќе се организира преку продажната мрежа „МКТикетс“ со физичко присуство на купувачите, а едно лице може да купи најмногу четири билети. За мечот ќе биде задолжителна влезница и за деца, без разлика на нивната возраст.

Цената на билетите за Северна Трибина, односно Блок 13, 14, 18, 19, 20, 21, 23 и 24 ќе изнесува 300 денари, додека Јужна Трибина, односно Блок 1, 2, 5 и 6 ќе изнесува 300 денари, додека билетите за Блок 3 и 4 ќе чинат 400 денари.

Продажни места во Скопје се: ЛитератураМК – Сити Мол, ЛитератураМК – Ист Гејт, ЛитератураМК – Веро Центар, Литература – ТЦ Буњаковец, Литература МК – ул. „Македонија“, Југотон ГТЦ 1, ЈК Травел – ТЦ Бисер, Макпетрол – Козле, Макпетрол – Илинденска и Макпетрол – Влае.

Останати продажни места: Унисон (Велес), ТА Бран (Прилеп), Тобако Агора (Куманово), Тобако Монако и Гранд Тобако (Тетово), Тобако Вона 5 (Гостивар), ТА Вис Пој (Охрид), Литерара МК и Tobacco Brothers (Битола), Литература МК и ТА Сафари (Струмица) и ТА Халкидики (Радовиш).

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инџиково без вода за пиење

Поради изведување водоводен приклучок во близина на…

Почина Васко Јолески, претседателот на „Храбро срце“…

Почина Васко Јолески од Струга, претседател на…

(Видео) Европа во пламен! Еве каде сѐ…

Протести поради растот на трошоците за живот,…

Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…

Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…

(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…

Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…