Билетите се во продажба: Македонските одбојкари на ЕП во живо за 500 денари!
Одбојкарската федерација на Македонија информира дека пуштени се во продажба билетите за Европското првенство, чии кодомаќин е нашата земја, заедно со Бугарија, Италија и со Израел.
Европското првенство почнува на 28 август, но во групата Ц, која единствено се одржува во Скопје, натпреварите ќе почнат на 30 август. Од денеска се продаваат физичките билети, во продажната мрежа на „МК Тикетс“, додека онлајн-пакетите и понатаму можат да се купат на специјалната страница на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ).
Како и во другите спортови, билетите се дневни, а не по натпревар и се продаваат по цени од 500 и од 750 денари, во зависност од позицијата.
„Навивајте за нашата репрезентација, пратете ја својата порака до целиот свет од трибините на арената „Борис Трајковски“ и бидете дел од првото сениорско машко европско првенство во кој било колективен спорт во независна Македонија“, порачаа од ОФМ на својата фан-страница на Фејсбук.
Македонија е во група со Данска, Црна Гора, Холандија, Чешка и со Полска, а ќе атакува на пласман на една од првите четири позиции, кои носат во осминафиналето.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…
Шпанија во генерален штрајк поради високите кирии…
Околу четири милиони луѓе се приклучиле на…