Билјана Ивановска јасно ги демантира манипулациите дека дава поддршка за ЗНАМ: „Не повикувам гласачи и не правам пазар со партии“
Општина Центар е една од општините што е во фокусот на јавноста во вториот круг на локалните избори во недела. Во пресрет на гласањето, кандидатот од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, повторно се најде во центарот на вниманието поради неговите обиди да прикаже дека добива поддршка од поранешни кандидати и здруженија кои потоа јавно го демантираат.
Изминативе денови, Лабудовиќ беше гласен дека со независната кандидатка за градоначалник која отпадна во првиот круг Билјана Ивановска „имаат ист концепт и визија за Центар“ и дека очекува нејзините гласачи да го поддржат на 2 ноември. Но, денеска, таа, преку објава на Фејсбук ги демантира наводите потенцирајќи дека ниту со партии пазар прави, ниту повикува гласачи.
„Да бидам јасна, ниту со партии пазар правам, ниту повикувам гласачи. Секој нека си гласа по свое убедување и одговорност“, напиша Ивановска.
Ова претставува втора манипулација на јавноста од страна на Лабудовиќ во текот на кампањата. Првата се случи на самиот почеток на кампањата, кога тој објави дека добил поддршка од Здружението на пензионери на Општина Центар. Но, информацијата експресно ја демантираше претседателот на здружението, Злате Стефановски, кој изјави дека „ниту кандидатот Лабудовиќ добил поддршка, ниту пак воопшто била остварена средба“.
Со два вакви случаи во краток временски период, се отвора прашањето до каде е подготвен да оди кандидатот на ЗНАМ во обид да создаде впечаток на поддршка што не постои. Граѓаните на Центар, пак, очекуваат фер и транспарентна изборна трка, во која вистината ќе има приоритет пред политичкиот маркетинг и манипулациите.
Во недела, се одржува вториот круг од локалните избори, кадешто силите ќе ги измерат актуелниот градоначалник Горан Герасимовски и кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ. Во текот на целата кампања, според аналитичарите Герасимовски е главниот фаворит за победа, кој и во првиот круг победи освојувајќи 8.535 гласа, за разлика од Лабудовиќ кој освои 5.707 гласа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од девојче кое живеело во дрвена куќа…
Доли Партон не беше само една од…
Што ја предизвика смртоносната поплава во Непал:…
Дел од глечер на надморска височина од…
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…