Бислимовски: Ако користиме гас за парното нема да има проблеми со загадување

t

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика , Марко Бислимовски смета дека трошоците со употребата на дизелот за парно греење наместо природен гас ќе бидат пониски, но факт и дека ќе немаме проблем со загадувањето, доколку го користиме природниот гас.

-Треба да бидат подготвени топланите во случај на исклучителни ситуации доколку има проблеми со набавка на природен гас, бидејќи никој не може да предвиди што ќе се случи во наредниот период. Доколку постојат услови, колку што можеме повеќе да го користиме природниот гас за произведување на топлинска енергија, вели Бислимовски.

Тој додава дека доколку има можност за намалување на цената на парното греење, тоа и ќе го направат.

-И ние сакаме како Регулаторна да има поместување во цените на нафтените деривати, природниот гас, електричната енергија. Доколку се исполнат минимални услови, ние тоа ќе го направиме, рече првиот регулатор во интервју за Тв Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку…

О2: АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, НЕ…

Аерозагадувањето, PM честичките, издувните гасови од дизел…

Нема сериозни надминувања на загадувањето во Скопје,…

Министерството за животна средина и просторно планирање…

Апел за помош: Да му помогнеме на…

Почитувани читатели на Инфомакс, Марко е на…