Битиќи до Славевски: Не ви лежат некои предмети, си ги прикажувате бројките како што сакате

t

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи му одговори на Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ, откако тој на социјалните мрежи порача дека растот на платите во последните неколку години не бил онолку колку што тврди Битиќи.

„Професоре Славески, очигледно дека не ви лежат предметите каде се изучува методологија и економетрија, па си ги прикажувате бројките како ви одговара, и уште поочигледно некој ви дошепнал лош превод за „Кумулативна годишна стапка на раст“, тука нема ништо „сложено“. Кога сме кај бројките сакам да ве потсетам дека просечната плата за 2006 треба да се зголеми за 2.300 денари кои во тоа време беа дополнително исплаќани како додаток за превоз и исхрана, а не влегуваа во нето платата. И кога ќе се корегира вашата весела математика со овој факт, добиваме дека нето платите од 2006 до 2016 номинално пораснале не за 65,3%, туку за 41,2%, па оттука реалниот раст на плати за периодот од 2006 до 2016 година е 11,2%. Што е повеќе, 11,2% за 10 години, или 21,3% за шест години???“ вели Битиќи во објавата.

Битиќи на крајот, потсетува дека Владата каде тој е вицепремер, го вовела недела како неработен дена за сите граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лога, Груби и Битиќи: Разговараме за заедничка…

Неофицијално јас знам дека тој датум ќе…

Битиќи: Да се обединиме, да се помириме…

Заедништвото е клучната порака која во наследство…

Битиќи твpди: Пocкапувањето на стpyjaта нема да…

Нема да има рестрикции на струја по…