Битиќи: Замрзнувањето на цените е штетно и неодржливо на подолг период
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера вечер во гостување во емисијата „24 анализа“ најави дека Владата ќе преземе нов пакет мерки во однос на цените на основните прехранбени производи, кои се издржливи и подолгорочни.
-Не можете да ја замрзнете цената и да ја држите две години. Никако, не е возможно. Имаме веќе донесена одлука – одлуката за замрзнување на маржите на добивка е на сила веќе три месеци. И млечните и житните производи се дел од тоа, појасни Битиќи.
Вицепремиерот вели дека замрзнувањето на цените е штетно и неодржливо на долг рок.
-Затоа гледаме на компаниите да им помогнеме за да ја намалат производната цена, за да нема понатамошен импакт. Енергетскиот додаток да се дава за сите ранливи категории, дополнително креиравме мерка за дополнителен енергетски додадок. МТСП утре на владина седница ќе дојде со акциониот план, со кој 2,4 милијарди денари ќе се поделат за ранливите категории на граѓани до крајот на годината, рече меѓу другото Битиќи во емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Просечната нето-плата во јули достигна 48.499 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…
Од полноќ големо поскапување на дизелот
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…
Ова се цените на горивата во Европа,…
Европските влади дискутираат за воведување на данок…
Европа пред тешка зима: Растат цените на…
Европа повторно се соочува со непријатна комбинација…