Битиќи за автопатот Кичево-Охрид: Сите треба да сфатат дека време за губење нема

t

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето видеобраќање за „Блумберг Адрија“ изјави дека по новогодишните празници, Владата и кинеската компанија „Синохидро“ ќе започнат преговори за потпишување нов анекс на договорот.

„Сметам дека не треба јас да очекувам, компанијата во овој случај треба да даде цврсти гаранции дека се спремни да одговорат на предизвикот за финализирање на проектот. Таму се вклучени и надзорот затоа што тоа што требаше како институции да го испорачаме сме го испорачале во минатиот период. Веќе крајно време е гаранциите да се добијат од тие што треба сето тоа го го спроведат“, изјави вицепремиерот за економски прашања.

Тој потврди дека има заклучок кој доаѓа од одредена анализа направена од неколку експерти дека препораката била да има нов анекс, со нов рок за финализирање на проектот, а не раскинување на договорот.

„Јас цврсто стојам дека без цврсти гаранции за финализирање на проектот со јасно зададен рок нема да има нов анекс и се додека јас сум вклучен во преговорите тоа ќе биде ставот. Мислам дека е одминато времето на она: вака требало – така требало“, посочи Битиќи.

Тој додаде дека реалните проблеми се познати, но дека ако нема доволен капацитет за соодветно да се проектираат и најдат решенија, ќе треба да се најдат капацитетите каде и да се, со цел отстранување на евентуални грешки во проектирањето.

„Ако нема капацитет од изведувачите, ќе треба да најдеме нови изведувачи. Тука компромис нема затоа што мислам дека конечно сите треба да сфатат дека време за губење нема веќе. Затоа што 10 години за неколку километри автопат се навистина премногу.“ заклучи Битиќи во своето видеобраќање до „Блумберг Адрија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Автомобил излета од патот Охрид-Кичево, тешко повредена…

Малолетничка е тешко повредена откако вчера автомобил…

Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево…

Битиќи за автопатот Кичево-Охрид: Сите треба да…

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во своето видеобраќање за „Блумберг Адрија“…

Ќе има нов анекс, Кинезите ќе продолжат…

Владата по денешната седница објави дека ќе…