БИТИЌИ ЗА ГОЛЕМИОТ РЕЈТИНГ НА ГРУЕВСКИ: Моќта против која се боревме има длабоки корени, за да се поништат ни треба подолг период
Вицепремиерот Фатмир Битиќи синоќа ги коментираше резултатите од анкетите за ниската довербата на граѓаните во судството и високиот рејтинг на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.
Според вицепремиерот чија партија СДСМ е на власт половина деценија, смета дека „во институциите се уште има остатоци од поранешниот режим на Груевски“.
– Таа моќ со која толку упорно се боревме имаше многу длабоки корени, а за да се поништи такво нешто, потребен е малку подолг период. Сè уште гледаме дека, иако има промена на власта, во различни институции преовладува она што го видовме во периодот 2006 – 2016 година, изјави Битиќи.
Тој беше гостин во емисијата Клан дебата на ТВ Клан со новинарот Џумадије Ибраими.
Инаку вчера беше објавена опсежна анкета на ИРИ за рејтингот на судството, партиите, министрите во Владата, политичарите… во која и по пет години политички прогон, Груевски е политичар кој има највисок рејтинг кај граѓаните во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…
Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…
Екс студент остави писмени закани до деканот…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…