Битиќи за евентуално враќање на Груевски: Помирување може да значи ублажување на казната, но нема простување на дела!

t

Потпретседателот на СДСМ – Фатмир Битиќи вчера во гостување на тв 21 на прашање дали власта може да се пазари со гласови во замена за враќање на Никола Груевски рече дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите што му се поставени.

„Јас сум првиот што седнува и зборува за помирување, ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде“ рече Битиќи и појасни дека вклучено е и враќањето на Груевски за кое потенцираше дека „помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната. Нема простување на дела“.

Повтори дека прв албански премиер останува дел од договорот меѓу партнерите од коалицијата СДСМ – ДУИ, и не ја исклучи тој да ја извршува оваа функција, доколку биде предложен за тоа.

„Тоа може да се поништи само со нов договор меѓу двајцата лидери на двете партии кои го направија овој договор. Подадената рака за договор останува подадена рака и останува дека во последните 100 дена ќе има премиер Албанец“, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…

На ГАК годишно се раѓаат од 600…

Ноември е месец посветен на предвремено родените…

Отворени шалтерите на АЛТА банка АД Битола…

Од денеска се отворени шалтерите на АЛТА…

ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ ЈА ЗАГРОЗУВААТ ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО…

Последниот пресек на состојбата во македонската индустрија…

30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…