Битиќи: Криминалната концесија за „Казандол“ ја даде ВМРО-ДПМНЕ

t

Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, реагира по објавата дека државата ја добила арбитражната постапка поврзана со рударскиот проект „Казандол“, во која инвеститорите бараа 115 милиони евра обесштетување. Во статус на социјалните мрежи тој оцени дека „концесијата дадена од ВМРО–ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража“, додавајќи дека Македонија нема да плати штета.

Битиќи потсети дека судските рочишта се затворени во 2023 година и дека, согласно процедурите, арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две години по завршните зборови. „Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава се водеше со јасни определби и насоки од мојот кабинет во претходната Влада,“ наведе тој, изразувајќи благодарност до меѓународната канцеларија White & Case, до државните службеници и експерти, како и до локалните адвокатски друштва „за посветеноста и професионалноста“.

„Вака се почитува татковината – со искрен настап и без калкулации,“ напиша Битиќи, додавајќи дека „иднината ќе покаже“ за оние кои имале „други интереси“.

Арбитражниот исход следи по владината одлука од 2018 година да се започне постапка за одземање на експлоатационата дозвола и раскинување на концесијата за „Казандол“, донесена по силни локални реакции за еколошки ризици и влијанија врз земјоделието. Со пресудата во корист на државата, властите оценуваат дека се потврдени правните основи на тогашната интервенција и се заштитени буџетските средства од бараното обесштетување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…