Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите, вратете ги насмевките – СДСМ е храбра, обединета и уште поодлучна
„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – ја продолжуваме битката со резултат НУЛА-НУЛА. Нема откажување, нема време за малодушност. Да не бараме утехи, затоа што битката за европска Македонија уште не е завршена. Кренете ги главите, вратете ги насмевките. Ние како партија сме обединети и ќе се бориме за нашите убедувања.” – кажа Потпретседателот на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на „Коалицијата за европска иднина” во изборната единица 2, Фатмир Битиќи на централниот митинг во Чучер Сандево од каде порача дека СДСМ ја слушна пораката која граѓаните ја испратија на првиот круг претседателски избори.
СДСМ продолжува со засилена одлучност и решителност како и посветеност за идејата за европска Македонија:
„Откажувањето не е опција за нас, храбрите, за нас од СДСМ. Не постои голема разлика – се’ е достижно! На 8ми мај, се почнува од почетокот, гласовите ќе се бројат од НУЛА. Ова да биде предизвикот преку кој ќе се сплотиме, да бидеме уште посилни во следните две недели. Гледајќи ве вас, драги другари и другарки, уверен сум дека целосно сме подготвени за оваа ситуација која од нас бара гласно да кажеме дека нема откажување.” – истакна Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…