Битолчанец без возачка удрил во полициска кола на 1 Мај
25-годишен битолчанец нема по убаво да го памети вчерашниот празник – попладнето, над селото Крстоар, тој со автомобил „Пежо“ удрил во полициско возило, а потоа било утврдено дека немал возачка дозвола, а автомобилот му бил веќе шест месеци нерегистриран, соопшти полицијата.
„На 01.05.2025 во 15:54 часот над с.Крстоар во општина Битола патничко моторно возило „пежо” со битолски регистарски таблици, управувано од А.В.(25) од Битола, удрило во паркирано возило „шевролет“, сопственост на МВР. По преземени мерки, утврдено е дека А.В. не поседува возачка дозвола, а возилото е со измината важност на регистрација повеќе од шест месеци. Од страна на полициските службеници од СВР Битола возилото е одземено, а против А.В. ќе бидат поднесени соодветни пријави“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автомобил удрил во човек во инвалидска количка
На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…
Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…
На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…
Тетовец возел со три промили алкохол во…
На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…
Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…
Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…
Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…
Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…