Објавено на:

Блинкен: Да се заштитат цивилите и во Газа и во Израел!

t

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повика на заштита на цивилите и во Појасот Газа и во Израел, бидејќи израелската војска нареди половина од населението на палестинската територија да се евакуира пред очекуваниот копнен напад.

Блинкен се сретна со својот колега од Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан, во Ријад, кога го започна третиот ден на интензивна блискоисточна дипломатија, чија цел е да се спречи проширувањето на војната меѓу Израел и Хамас во регионален конфликт и поттикнување хуманитарна криза.

И двајцата ја нагласуваат важноста од минимизирање на штетата за цивилите додека Израел се подготвуваше за очекуваниот упад врз Хамас една недела по невидениот напад на милитантната група врз Израел.

„Додека Израел го следи своето легитимно право, да го брани својот народ и да се обидува да се осигура дека тоа никогаш повеќе нема да се случи, од витално значење е сите да внимаваме на цивилите и работиме заедно за да го направиме токму тоа“, вели Блинкен пред да се упати во Обединетите Арапски Емирати на слични дискусии.

„Никој од нас не сака да го види страдањето на цивилите од која било страна, без разлика дали е тоа во Израел, дали е во Газа, дали на кое било друго место“, вели тој.

Американски функционер вели дека САД не побарале од Израел да го забави или да го запре планот за евакуација. Официјалниот претставник рече дека разговорите со израелските лидери ја нагласиле важноста да се земе предвид безбедноста на цивилите додека израелската војска се движи за да го спроведе барањето за евакуација.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен за да зборува за внатрешните дискусии, вели дека израелските лидери ги признале упатствата и ги зеле под совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…

Иран со закана за земјите кои ќе…

Иран се закани со одмазда против секоја…

Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…

Израел продолжува да изведува целни убиства на…

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…