Објавено на:

Блумберг: Помошниците на Трамп бараат оставка од Зеленски пред било каков договор

t

Помошниците на американскиот претседател Доналд Трамп веруваат дека каков било договор со Украина е можен само под услов Володимир Зеленски да поднесе оставка, пишува Блумберг, повикувајќи се на сопствен извор.
„Се чини дека претседателот на Соединетите Американски Држави зазема помалку тврд став од некои членови на неговата администрација. Европски претставник запознаен со преговорите истакна дека некои соработници на Трамп инсистираат на оставка на Зеленски како дел од каков било договор“, се наведува во написот.


Зеленски вели дека ќе биде тешко да го сменат


Во исто време, ТВ „Скај њуз“ објави дека Зеленски, чиј мандат истече пред речиси една година, смета дека „нема да биде лесно“ да го замени, како и „да не му дозволи“ да учествува на потенцијалните избори во Украина.
„Нема да биде лесно да ме смените, бидејќи не е доволно само да се одржат избори. Ќе се бара моето учество (на изборите) да не биде дозволено, а тоа ќе биде многу потешко“, им рекол Зеленски на британските новинари во Лондон, а пренесува „Скај њуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…

Трамп ја откажа посетата на американските претставници…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во саботата…

(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние…

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот…

Сопругот на косовската претседателка предлага изградба на…

Сопругот на претседателката на Косово, Приндон Садриу,…

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…