БМВ се заби во страничен ѕид под Скопското кале, предизвика сообраќаен метеж
Тешка сообраќајна несреќа во која автомобил БМВ излета од булеварот „Гоце Делчев“ и се заби во страничниот ѕид покрај пешачката патека крај коловозот, се случи попладнево под Скопското кале, во близина на плоштадот „Скендербег“.
Дел од очевидците на местото на несреќата велат дека автомобилот прво изгубил контрола и се качил на пешачката патека над булеварот, по што повторно се излизгал и паднал на коловозот. Возило на итната медицинска помош го пренела возачот на БМВ-то кое излетало и удрило во сообраќаен знак на булеварот „Гоце Делчев“, објави 360 Степени.
На пешачката патека што води од плоштадот „Скендербег“ кон мостот „Гоце Делчев“ може да се забележат траги од гуми, а во тој дел има и остатоци од возилото. Сообраќајната несреќа предизвика метеж во овој дел од градот.
Фото: press24.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одржан 51 „Марш за ангелите“ во Кочани:…
Во Кочани денеска, 14 ноември 2026 година,…
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…
Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“…
Македонците кои живеаат во соседните држави, како…
Демонстранти во Тирана се обидоа да упаднат…
За време на денешниот протест во Тирана,…
Италија ја казни „Мета“ со рекордни 805…
Италијанската Агенција за заштита на личните податоци…