Божиновски до министерот за здравство: По кој протокол дете со аутизам се врзува со синџир за радијатор и остава да седи на валкан под ко во 19 век?

t

Македонија денеска ја потресе уште еден скандалозен настан од македонското здравство. Се работи за 17-годишно момче од Битола кое има аутизам, а кое било однесено во психијатриската болница во Демир Хисар, каде наместо соодветна нега и грижа, момчето било врзувано за кревет како животно.

Случајот го коментира Божидар Божиновски кој на Фејсбук напиша:

– “Момчето кое било вpзyвано во Демир Хисар е лекувано според протоколите” – министерот за здравство

По кој протокол се врзува со синџир за радијатор и остава да седи на валкан под ко во 19-ти век? Според директорката било врзано за некој друг да не го удри па детето да му врати. Зошто не биле врзани тие кои би можеле да го удрат е прашање… – вели Божиновски.

Министерот за здравство претходно соопшти дека момчето било лекувано согласно протоколите, но дека било врзувано за кревет во ситуации кога било агресивно и можело да си наштети и на себе и на другите околу него.

Останува случајот да биде расчистен од страна на институциите…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…