БОМБА: “Огнените” изнудија смена на претседателството во ДУИ!

t

Лидерот на ДУИ и „огнената група“ по шестчасовните разговори во партијата, се појавија заедно на прес-конференција на која лидерот на партијата, Ахмети изјави дека во ДУИ не постои никаква „огнена група“.

Огнената група, како што се нарекуваат самите, бара промена на низа функционри во партијата и Владата, а најпрво смена на Артан Груби.

По разговорите, лидерот на ДУИ најави дека „дебатата во партијата ќе продолжи“, а за десетина дена ќе биде одржано Централно собрание, на кое ќе се избере ново претседателство на партијата.

„Денеска имавме разговор со долгогодишните соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има Централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштот на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ“, изјави Ахмети на прес-конференцијата, придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.

На прашање на новинарите дали сега е „изгаснат огнот” на „огнените“, Ахмети рече дека во партијата нема ни оган, ни пламен и дека ќе продолжи партиската дебата, но внатре во партијата.

-Врз основа на анализата ќе продолжиме понатаму со дебатите. Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното размислување, да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Значи нема оган, и нема да има, изјави Ахмети.

Пратеникот Изет Меџити, кој е еден од најистакнатите членови на „огнените“, рече дека е „задоволен“ од разговорите, додека за побараната смена на вицепремиерот Артан Груби рече дека „ќе се продолжи со дебатирање“ околу нивните барања.

-Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања, рече Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…

Груби: Идната Влада ќе ја формира ДУИ…

Вицепремиерот за политички систем,Артан Груби во емисијата…