БОМБА од Јакимовски: Самостојно ќе одиме на претседателски избори!

t

Ние ќе одиме на претседателски избори, сами ќе одиме, кој ќе биде кандидат за претседател ќе одлучат органите на партијата, открива во денешното гостување во Сител телевизија лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

– Тоа што сме членка на НАТО не ни донесе некое големо добро освен што не се расправаме со Грција, имаме војна во Украина, Корона, нема странски инвестиции, има поскапување, некако немаме среќа, вели Јакимовски.

На прашањето дали на изборите би коалицирал со градоначалничката Арсовска, доколку оформи партија, или со Максим Димитриевски, Јакимовски вели дека не е разговарано за коалиција со никој од нив.

– Со Данела воопшто не сум разговарал на оваа тема. Имаме службена комуникација со градоначалничката, вели Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош уште еднаш нагласи дека е против уставните измени кои предвидуваат внесување на Бугарите во Уставот.

– Јас сум против влезот на Бугарите во Уставот и пред и по избори и во иднина. Мојот став по тоа прашање е јасен, затоа што Бугарите за жал секојдневно ни сигнализираат дека не се само уставните измени отворен проблем, туку актуелизираат и други прашања поврзани со нашиот идентитет и јазик.

Бугарите велат, според наша евиденција ние имаме 100.000 државјани кои се изјасниле како Бугари, на попис има 3.400. Значи некој лаже, тие ќе инсистираат секој да се изјасни со документ дали е Македонец, Албанец, Бугарин и слично за да го задржи бугарското државјанство. Ние можеме вештачки да добиеме 80.000 Бугари во Македонија. Тоа ја отвора Пандорината кутија со учебници, образование, јазик, вели Јакимовски.

Приказната дека нема друга иднина и решение освен Европа е дегутантна, додава тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОРАЗИТЕЛНИ БРОЈКИ! Андоновска: 3,4 доктори, 0,9 стоматолози…

-На 1000 жители имаме 3,4 доктори, вклучително…

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

Владата одлучи: 24 април и 8 мај…

На 16. седница, Владата заклучи 24 април…

Таравари за ТВ21: За Алијанса е многу…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…