Објавено на:

Борел: Безвизниот режим за Косово е историска одлука на ЕУ

t

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ја нарече „историска“ одлуката на Европската унија да им обезбеди на граѓаните на Косово безвизен режим во Шенген зоната од 1 јануари и рече дека тоа носи значителни придобивки и за Косово и за Унијата.

„Историската одлука на ЕУ стапува на сила. Граѓаните на Косово од денеска можат да патуваат во ЕУ без визи. Ова носи значителни придобивки за Косово и ЕУ“, објави Борел на социјалната мрежа Х.

Борел нагласи дека сега целиот Западен Балкан „е поврзан со Шенген зоната преку визна либерализација“.

Со одлуката за визна либерализација, граѓаните на Косово во рок од шест месеци без визи можат да останат во Шенген зоната најмногу 90 дена, по што во наредните шест месеци не можат да влезат во Шенген зоната.

На крајот на 2023 година, Европската унија на својата официјална веб-страница објасни дека патниците од Косово можат повеќепати да влезат во Шенген зоната во рок од шест месеци, но најмногу до 90 дена.

Исто така, граѓаните на Европската унија ќе можат да престојуваат во Косово без виза.

„Косово доследно ги исполнуваше сите критериуми и континуирано ја демонстрираше својата посветеност. Со ова достигнување, сите партнери од Западен Балкан наскоро ќе имаат безвизен пристап до ЕУ“, беше објавено на веб-страницата на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…