Борел загрижен: Тензиите меѓу Косово и Србија достигнаа опасно ниво!

t

На денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, министрите разговараа за Западен Балкан и Србија и Косово, каде работите можат да станат “многу опасни”.

Ова го изјави попладнево високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, на прес конференцијата по министерскиот совет на ЕУ.

Борел на крајот на минатата недела се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти, и српскиот претседател, Александар Вучиќ, во Париз, за овие средби денеска ги информираше 27-те министри за надворешни работи на ЕУ.

-Потребно е да се намалат тензиите меѓу косовската и српската страна, овие тензии постигнуваат многу опасно ниво, се соочуваме со најопасната криза од 2013 и двете страни мораат веднаш да покажат итно подготвеност да ги смират тензиите, изјави Борел.

Тој се осврна на напуштањето на полициските и судските институции од страна на српската заедница на северот на Косово.

„Ова создаде вакуум на северот на Косово, овој вакуум е најлошото нешто што може да се случи, двете страни мораат да покажат флексибилност, потребен ни е јасен напредок, рече Борел“, повикувајќи го Косово да покаже флексибилност за регистарските таблици и за етаблирањето на Заедницата на српски општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Македонија со пониска инфлација од просекот на…

Годишната инфлација во Европската Унија во септември…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…