Борел за налогот за апсење на Нетанјаху: Државите се должни да ги спроведуваат одлуките!
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, во врска со повикот на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас, рече дека сите земји што ја ратификувале статутите на МКС се должни да ги спроведуваат неговите одлуки.
„Мандатот на МКС, како независна меѓународна институција, е да ги гони најтешките злосторства според меѓународното право“, напиша Борел на платформата Х во понеделникот.

Во понеделникот, МКС побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за „поттикнување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање цивили во конфликтот“.
Се бараа и налози за апсење на водачите на Хамас – Јахја Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије за истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуални напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
УНХЦР: Израел и Иран итно да деескалираат,…
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР)…
Израел: Соборивме 40 ирански беспилотни летала
Израелските воздухопловни сили соборија 40 ирански беспилотни…
ОАЕ бара итен крај на војната меѓу…
Висок функционер на Обединетите Арапски Емирати повикува…
Трамп не сака да врши притисок врз…
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе…
Нуклеарен објект бил цел на Израел: Експлозии…
Израелската армија рано утрово соопшти дека Иран…