Борел: Никој, никогаш, никаде не треба да употреби хемиско оружје!

t

По повод Денот на сеќавање на сите жртви од хемиско оружје, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел, денеска порача дека никој не смее да користи хемиско оружје, никаде, никогаш и под никакви околности.

Пред 25 години, Конвенцијата за хемиско оружје стапи во сила со цел засекогаш да се стави крај и да се елиминира хемиското оружје.

Од 1997 година, над 99 отсто од пријавените залихи на хемиско оружје потврдено е дека се уништени. Сепак, хемиското оружје останува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност.

– И покрај напредокот што го постигнавме, сè уште сме сведоци на ужасните последици од ова грозоморно оружје. Во Сирија предизвика стотици жртви, меѓу кои и деца. Во август 2020 година, воениот агенс Новичок беше искористен во обид да се убие рускиот опозициски политичар Алексеј Навални. Хемиско оружје беше употребено и во Малезија во 2017 година за да се убие полубратот на Ким Јеунг-Он, Ким Јеунг-Нам, а во Велика Британија во 2018 година во обидот за напад врз Сергеј и Јулија Скрипал, што резултираше со смрт на британски државјанин, изјави Борел.

ЕУ, исто така, потсетува „дека употребата на хемиско оружје е кршење на меѓународното право и може да претставува воени злосторства и злосторства против човештвото“.

„Одговорните мора и ќе одговараат. Ќе продолжиме да се бориме против неказнивоста и да работиме на целосна одговорност за одговорните на национално и меѓународно ниво“, велат од ЕУ.

Како дел од режимот на рестриктивни мерки посветен на борбата против ширењето и употребата на хемиско оружје и неговите претходници, ЕУ воведе рестриктивни мерки на Русија во врска со нападот во Солсбери во 2018 година и труењето на Навални во 2020 година.

Што се однесува до Сирија, ЕУ воведе рестриктивни мерки за одговорните за развој и употреба на хемиско оружје, особено за три напади во 2013, 2017 и 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предложен притвор за недозволено држење оружје и…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Ученик од основно училиште во Загреб составил…

Ученик во основно училиште во Загреб составил…

Полицаец доби кривична пријава за неовластено изработување,…

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица…

Зеленски се лути: Западот има оружје, ама…

Доцнењето на Западот со испораката на оружје…