Борко Ристовски на Инстаграм: Во северна вукојебина сѐ е можно, криминалци, ќе плачете
„Во северна вукојeбина се е можно ама не со мене. Допрва ќе плачете криминалци“. Ваква порака објави голманот Борко Ристовски на неговиот профил на „Инстаграм“ по суспензијата во времетраење од четири години.
Голманот на Вардар во изјава за „Макфакс“ рече дека в среда на прес-конференција ќе ги изнесе сите детали за настанот и неговиот став за суспензијата.
„Имам многу работи да кажам и ќе ги кажам на прес-конференција на која сите ќе бидат повикани“, рече Ристовски.
Претходно денес, дисциплинската комисија при Олимпискиот комитет на Македонија по пријава поведе постапка против Ристовски и поради, како што се наведува, прекршување на член 17 од Дисциплинскиот правилник му изрече суспензија за четири години.
Голманот на Вардар 1961 е казнет дека „како претставник на политичка партија во ТВ емисија „За или против“ изнесувал лаги, клевети и ширел невистини на сметка на претседателот на Олимпискиот комитет, Даниел Димевски, кои може да бидат штетни по МОК“.
На Ристовски му е изречена забрана за вршење на работа во олимпискиот спорт во период од четири години.
Пријавата е поднесена од Даниел Димевски, а одлуката е доставена до Ракометната федерација на Македонија и ракометниот клуб Вардар 1961.
Борко Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.
„Во северна вукојебина сѐ е можно! Ама не со мене! Допрва ќе плачете криминалци!“, објави Борко Ристовски на својот профил на Инстаграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…
Трамп не се противи Кина да произведува…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека…
ВМРО-ДПМНЕ: 4,6 милиони евра провизии за незавршена…
ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти…
Каратистката Мицовска освои сребро на Европското универзитетско…
Македонската каратистка Јована Мицовска го освои сребрениот…