Објавено на:

Борко Ристовски: Осудуваме прослави кои вклучуваат навреди

t

Министерството за спорт, и лично од министерот, Борко Ристовски ја осудија срамната прослава на фудбалерите на Вардар каде што се скандираа женски имиња и навреди.

Во меѓувреме скандалозното видео од прославата поставено од извршниот директор на ФК Вардар Миленко Неделковски „исчезна“ од неговиот профил на социјалните мрежи.

Од Министерството за спорт велат дека го разбираат ривалството меѓу тимовите, но и дека не треба да се заборави дека спортот се игра за публиката.

„Во однос на синоќешните видеоснимки кои се појавија од прославата на ФК Вардар, како Министерство, но и од мое лично име како Министер за спорт, сакаме да ја известиме македонската јавност дека недвосмислено го осудуваме ваквиот тип прослави, кои вклучуваат навреди по која било основа, особено доколку во нив се вклучени спортски работници, играчи, селектори и лица од јавниот живот“ се наведува во осудата.

Од Министерството потсетуваат дека слични случувања имаше и минатата недела во Кавадарци, со политички конотации и навреди кон спортски институции, меѓу кои и ФФМ, а истото сега повторно се повторува.

„Најостро ги осудуваме ваквите провокации и јавно бараме чинителите да и се извинат на македонската јавност. Воедно апелираме вакви случувања во иднина да не се повторуваат, затоа што Министерството за спорт ќе изнајде начин секој ваков настан соодветно да биде санкциониран“ наведуваат од Министерството за спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борко Ристовски: Осудуваме прослави кои вклучуваат навреди

Министерството за спорт, и лично од министерот,…

ФФМ ја поддржува иницијативата, јужната трибина да…

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар…

Мицкоски: Владата вложува во спортот, тоа е…

Владата вложува во спортот, тоа е иднината…

Левица: Македонските каратисти со сопствени средства патуваат…

Од Левица реагираат дека македонските каратисти кои…

Труп на човек пронајден во Вардар кај…

Труп на човек бил пронајден во водите…