Бочварски ќе дава повеќе дозволи за транспорт: Се зголемува трговијата или криминалот?

t

Делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во Софија вчера ја одржа втората средба на Работната група за транспорт, енергетика и локална самоуправа, помеѓу владите на Република Македонија и Република Бугарија.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.

За утре предвидена е посета на делегација на Република Бугарија составена од министерот за транспорт и комуникации, Николај Сабев, министерот за туризам, Христо Проданов, заедно со триесетина тур оператори, на која средба ќе се разговара за развој на туризмот меѓу двете земји.

Во делот на инфраструктурниот развој, двете страни се согласија да се иницира средба со претставници од Европската комисија во насока за финансиска поддршка за доизградба на коридорот Софија – Скопје – Тирана – Драч, кој би придонел за подобро поврзување и забрзан економски развој на регионот – се наведува во сопштението на Министерството за транспорт и врски.

Како што информираат од Министерството, на работната група, присуствуваше и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, каде заедно со бугарскиот колега Гроздан Караджов, разговараа за понатамошната соработка меѓу двете земји во делот на прекуграничната соработка и реализација на проекти финасирани од ИПА 3 компонентата, како и за отворање на граничниот премин Клепало кај Берово.

Во однос на соработката на енергетскиот сектор, каде присуствуваше директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, беше договорена изработка на физибилити студија за изградба на интерконекторот Струмица – Петрич. Двете страни се согласија за користење на капацитетите на резервоарите за природен гас на Република Бугарија, како и заедничко партнерството во изградбата на LNG терминалот во Александрополис, Република Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повикa БРИКС да го исфрли…

Според министерот за финансии на Русија, земјите-членки…

Сушата на Панамскиот канал ја попречува глобалната…

Прекините ги принудуваат испраќачите да користат подолги…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Потребен е нов модел за изградба на…

Моделот што моментно се применува при изградба…

Спасовски: Решени сме да расчистиме со криминални…

Се разговара со многу лица, се обезбедуваат…