Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични напади и анксиозност

t

Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните заедници, започна период на длабока тага и анксиозност меѓу учениците кои загубија блиски лица во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Психологот Емилија Бошковска, член на тимот што работи со ученици од Штип, Кочани, Облешево, Виница и Пробиштип, истакна дека по трагичниот настан се забележуваат панични напади и емоции на лутина кај дел од младите.

„Ова е колективна траума, а секој поединец се справува со неа на свој начин. Не можам да кажам дека некој во овој регион не е погоден од настанот. Сите сме засегнати, но процесот на заздравување е индивидуален,“ изјави Бошковска, која истакна дека стандардите за тагување не важат за сите.

На терен работат околу 130 волонтерски психолози, од кои повеќе од 30 се ангажирани во Кочани. Сите волонтери поминаа обука за справување со кризни ситуации. Весна Јаневска, министерката за образование, го посети средното медицинско училиште „Јане Сандански“ во Штип, каде што во еден клас загинаа тројца ученици, а неколкумина беа повредени. Таа изјави дека психолозите активно помагаат на учениците во овој тешок период.

Министерството за образование исто така планира да се фокусира на психо-социјалната поддршка и на безбедносните стандарди во училиштата.

„Испративме писмо до општините и државните училишта да извршат дополнителни проверки на безбедносните системи и проценки на ризик од катастрофи. Треба да се увериме дека училиштата ги имаат сите потребни безбедносни елементи,“ нагласи Јаневска.

Во Штип е отворен Центар за младинско советување при Универзитетот, каде што учениците и граѓаните можат да добијат поддршка и насоки. Комората на психолози повика и други колеги да се вклучат во акцијата и да помогнат во справувањето со оваа колективна траума.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„50 пати на улица и во судница,…

Во Кочани денеска се одржа 50-тиот „Марш…

Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да…

Судењето за трагедијата во Кочани ќе биде…

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…