Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е одлика на ДПМНЕ, вели Ковачевски

t

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на вториот круг на претседателските избори и зборуваат за некакви црни сценарија и за бојкот. Ако некој бојкотирал, тогаш тоа е ВМРО-ДПМНЕ, порача вчера од митингот во Гостивар претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој даде повеќе примери, за како што кажа, однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ низ историјата.

„Ќе ве врататм наназад од НОБ, СДСМ е наследник на КПМ која е формирна во 1943, тука во соседството, во Тетово, Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата, се бореа за слободна независна македонска држава. Тогашниот претседател на ВМРО, Ванчо Михајлов беше на страна на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ООН влеговме благодарение на Киро Глигоров, тогаш ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше влезот во ООН. Кога требаше да станеме земја членка на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ го бојкотираше референдумот. Го бојкотираа и пописот и поради тоа имаме 130.000 Македонци помалку. Кога конечни ги почнавме преговорите со ЕУ по 17 години чекање, втората меѓувладина конференција,ја бојкотираше ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој блокирал и бојкотирал во целата историја на Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ“ истакна Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…