Бојмацалиев: Сите бевме потресени од убиството на Вања, внатрешната контрола нарачана од Тошковски покажа дека нема неправилности во истрагата

t

„Во тој случај сите бевме потресени, тоа е еден таков немил настан што во последните 30 години не паметиме како граѓани, но во целата таа неубава случка која се случи македонската полиција постапи професионално, навремено и брзо“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со убиството на Вања.

Тој додаде дека во рок од неколку дена беа спроведени и нарачателите и луѓето кои го спроведувале.

„Ова што го зборувам не е од политичка гледна точка или некого да бранам ова го зборувам и по извештајот кој го нарача Панче Тошковски во внатрешна контрола. Знаете дека тој нарача ревизија на целиот случај и ние обелоденивме во јавноста мислам дека беше пред 2 недели дека против никој од колегите нема дисциплински прекршок“ рече Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саичиќ најави делегација на Студентската листа во…

Студентската листа во Србија планира по формирањето…

Бланар: Словачка е против какви било двојни…

-Ние не можеме да прифатиме дека во…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми…

Покачување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните…

Девет месеци силувал дете помладо од 15…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето…