БРАВО! Високо хуман патриотски гест: Помош од Македонците во Австралија за Македонците во Бугарија!

t

Македонците во Австралија им помагаат на Македонците од Пиринска Македонија, објавија денеска од македонското здружение во Бугарија “ОМО Илинден-Пирин”.

– Високо хуман патриотски гест: Помош од Македонците во Австралија за Македонците во Бугарија!

Од “Пирин” за Пирин!

Организацијата “Пирин” од Мелбурн, со претседател, познатиот македонски новинар и општественик Ицо Најдовски, собраа 12 000 долари од Македонската заедница од Мелбурн и Викторија. Помошта е наменета за непризнаените и дискриминирани сонародници во Бугарија, за помагање нивната борба за човекови и малцински права, за нивната културна дејност и дејноста на нивните клубови.

Од неа ќе се помогне на повеќе македонски организации овде кои водат битка за своја регистрација, адвокатски трошоци, помош за општо-македонски културни манифестации, за помагање на македонски културни клубови и отворање нови.

Оваа организација ќе постои и понатаму а со цел да ги помага Македонците во Пиринска Македонија и други места, каде Македонците се онеправдани.

Можеме само да им се заблагодариме за братската помош од која нашата справедлива борба има најголема потреба!

P.S.Особена чест ни претставува што во оваа група донатори и патриоти спаѓа и великанот на македонскиот фудбал, легендарниот тренер на FK Vardar и македонската репрезентација – “војводата”, Андон Дончевски! , напишаа од здружението на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

Пендаровски им одговори на Бугарите: Постоењето на…

Претседателот Стево Пендаровски смета дека е потребна…

БРАВО МАКЕДОНЦИ! Во центарот на Пустец ќе…

Советот на општина Пустец, ја поддржа иницијатвата…

ЕКСКЛУЗИВНО: ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ НА БАНКА УТРОВО ВО…

Вооружен грабеж се случил денеска претпладне во…