Браво: Градоначалникот на Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство
Брендон Џонсон, градоначалникот на Чикаго донесе одлука да го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември.
-Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, образованието, социјалните услуги, науката и медицината, рече градоначалникот Џонсон во известувањето.
Тој истакна дека македонско-американската заедница овој месец одбележува 32 години од независноста на македонската држава, повикувајќи ги „сите жители да се приклучат во славењето на многуте придонеси на македонските Американци“.
Освен во Чикаго, македонската култура месецов се слави и во градот Рејнолдсберг, Охајо, каде градските власти најавија дека македонското знаме ќе се вее пред општината до крајот на септември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија: Нема да се согласиме на примирје,…
Русија нема да се согласи на уште…
Рубио: Преговорите во Абу Даби се многу…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денешните трилатерални…
ВМРО ДПМНЕ: Додека инфлацијата во еврозоната достигна…
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС продолжува со…
Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…
Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…
Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…