Браво! Изведена комплексна реконструкција на подлактица со коскено ткиво од донор

t

Минатата недела на Клиниката за Ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ беше изведен комплициран оперативен зафат, реконструкција на горен екстермитет, во кој на 44 годишен маж повреден со огнено оружје му беше направена трансплантација на подлактица со коскено ткиво од донор.

-Се работи за склопетарна повреда настаната како последица на истрел од огнено оружје во март 2023 година. Oштетена e една од коските на подлактицата со голем дефект од осум сантиметри. За премостување на дефектот користена е фибула од починат донор и истата е фиксирана со плочки и штрафови – објаснува Д-р. Александар Трајановски, директор на Клиниката за ТОРИЛУЦ и еден од хирурзите кој учествуваше во транспланатацијата заедно со Д-р. Александар Савески.

Пациентот по операцијата се чувствува добро и го очекува период на рехабилитација и враќање на комплетната функција на раката.

Ова е трета по ред транспланатција на коскено ткиво од починат донор годинава и 22 во последниве три години откако на Клиниката за Ортопедија започна да се работи експлантација и трансплнтација на коскени ткива од починат донор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искршени плочи на гробишта во Скопје по…

По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…

Пет дена боледување од матичен – Нови…

Од 1 декември се менуваат правилата за…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…

Македонија направила сè што Европската унија побарала…

(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…

Цистерна и комбе утрово се судрија на…