Браво: Македонија си поигруваше со Алжир за прва победа на СП
Убедлива победа на Македонија на ракометното СП и тоа во својот четврти настап и тоа во “Президент Купот“ денеска против Алжир со 40:25 (19:11).
Ова беше првиот наш меч во разигрувањето за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот, меч кој се одигра во “Орлен Арената“ во Плоцк.
Сосема добро издание на нашите момци, кои на моменти дури и си поигруваа со Алжирците. Добра одбрана, добар напад, секако се играше разновидно, Пешевски беше одличен, но и сите останати кои добија шанса на овој меч од страна на селекторот на Кире Лазаров.
Македонија уште на почетокот од средбата поведе и тоа водство го држеше до крај. Брзо се “одлепивме“ на +4 во 10.минута и до одењето на пауза само го зголемувавме водството кое на крај, по таа 30.минута, изнесуваше 19:11.
Во второто полувреме продолживме со ист ритам, Манасков, повторно Пешевски, како и останатите го полнеа голот на противникот за +10 во 41.минута.
Се виде желбата кај нашите момци да го поправат впечатокот од претходните три мечеви, да одиграат добро, квалитетно, да се борат за дресот на Македонија.Селектрот Лазаров има даваше шанса на неколкумина останати кои досега имаа мала минутажа.
Алжир се обидуваше колку толку да го намали минусот, но тоа не одеше од рака. Во последните минути на терен претежно беа помладите, кои во секој случај со играта и залагањето ја оправдаа довербата од селекторот Лазаров.
Пешевски беше одличен со 7 голови, Манасков забележа еден помалку. Потоа Ѓорѓиев, Костески, Савревски и Стојковиќ погодија по четири пати.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега…
Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…
Интензивно се интервенира на терен во моментов…
Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…
Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…
68-годишен маж од прилепското село Беровци е…
Што значи прогласување епидемија
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…