БРАВО: Млад Македонец се вработи во Европскиот Парламент и порача: “СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ”

t

Фејсбук профилот “Македонски Национален Фронт” објави дека млад Македонец, кој се вработил во Европскиот Парламент во Брисел и соопштил дека ќе се бори за слобода на уставобранителите.

Го пренесуваме напишаното во целост:

“Поддршка за уставобранителите од Брисел!

Патрик Аџиевски, македонски корени…роден во Шведска, каде и живеел се до заминувањето во Брисел. Нашата гордост, Патрик, денеска работи во Европскиот Парламент во Брисел, како приправник, во Европската Народна Партија (EPP).

Дипломиран политиколог е и активен политичар во Шведска! Долго време го следи општественото лудило во Македонија и пред се како млад човек со силен порив за правда, а потоа како политолог и приправник во Европскиот Парламент се јави во поддршка на политичките заложници на хибридниот режим во Македонија! Ваква младина е за инспирација!

Храбар, успешен и гласен!Во продолжение од објавата на Patrik Adzievski:

СЛОБОДА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

Во последните години Македонија за жал е окупирана од еден хибриден режим што работи против интересот на граѓаните и што брутално ги казнува своите политички противници. Местеното судење за случајот 27ми април е доказ дека политичките противниици и неистомисленици на режимот немаат човекови права. Превисоките затворски казни за уставобранителите од 27ми април одат против сите права кои постојат на овој свет.

Најмногу ме вознемирува фактот дека поштените уставобранители, што и претходно си ја бранеле татковината, се обвинети за тероризам а од друга страна вистинските терористи седат во собранието каде што се одлучува иднината на државата. Но исто така ме вознемирува фактот дека судот со своите обвинители, под влијание на режимот, одбираат кои да ги амнестираат и кои да ги казнат за случајот 27ми април. Дали ова е правда?

Случајот за политички затвореници во Македонија мора да добија уште повеќе внимание, посебно во европските институции бидејќи правда од судовите на режимот во Македонија е невозможно. Режимот не е свесен дека една држава со политички затвореници не може да биде дел од Европската Унија. Ова прашање треба да стигне до Европскиот суд за човекови права.

Потребно е уште поголемо обединување меѓу македонците низ светот за ова прашање, треба да правиме све што можиме со цел да им помогнеме на уставобранителите и на нивните семејства. Само обединети ќе ја победиме оваа битка. На крајот убеден сум и знам дека правдата ќе победи! Наскоро ќе изгрее сонцето на слободата! Да живее Македонија!Патрик Ациевски, а беше споделен од Македонски Национален Фронт.

Линк до објавата на Аџиевски: https://www.facebook.com/100000668337699/posts/5566062706759285/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 8.000 мигранти илегално влегле во Словенија…

Предлогот за формирање нови центри за азил…

Американец кој невин поминал 48 години во…

Судија од Оклахома ослободи човек кој бил…

(Видео) Израел го демолираше парламентот во Газа…

Израелските војници во средата ја уништија зградата…

Се откажа обраќањето на Зеленски во романскиот…

Обраќањето на Зеленски во романскиот парламент кое…

Претседателот на парламентот на Канада си даде…

Претседателот на парламентот на Канда си поднесе…