Браво! Неготинецот Сретен Давидов регистрираше изум за препознавање на еднофазни корисници на струја во Словенија
Неготинецот Сретен Давидов деновиве регистрирал изум за препознавање на еднофазно поврзани корисници на струја во Електродистрибуција на Словенија. Како што самиот појасни за МИА, патентот бил заштитен во словенечкото Министерство за интелектуална сопственост.
– Всушност, јас сум изумител, а покровителството е на Службата за технолошки развој при Електродистрибуција во Љубљана. Станува збор за иновативен и нов начин, изум за идентификација на еднофазни потрошувачи, главно во згради или повеќе домаќинства на едно место. Народски кажано, ако од сто корисници десет се еднофазни, ние како дистрибутери на струја треба да ги препознаеме и распоредиме еднофазните, за да може да не ја оптеретуваат електроенергетската мрежа. Се одредува фазна распределба и ако има несиметруја, се надминува проблемот, а се обезбедува поголем квалитет на снабдувањето со електрична енергија и поголема интеграција на обновливи извори на енергија во дистрибутивната мрежа, додаде Давидов.
Тој појасни дека претходно, ова регулирање се вршело рачно со уред, но на тој начин се губат човечки и временски ресурси. Со изумот, нагласи, се штеди на човечки ресурси и време.
Давидов додаде дека веќе го промовирал својот изум и сега настојува да го понуди на користење ова решение, како што вели, на сите оние што сакаат технолошки развој.
Сретен Давидов има 34 години, доктор е на електротехнички науки и работи во Електродистрибуција на Словенија. Пред неколку години беше избран за најдобар млад научник во Македонија, а доби и општинска награда на Неготино. Активист е за здрава и чиста животна средина, постојан соработник на регионалното еколошко друштво ,,Ековита” од Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…