Браво! Патничка јавно и’ се заблагодари на Македонка која и’ го спасила животот на пат кон Грција – „застана со автомобилот и ми пружи прва помош“
„Сакам јавно да се заблагодарам на една исклучителна личност која ми го спаси животот во моментот кога ми требаше итна помош“ – ја започна својата објава Александра од Србија, на популарната Фејсбук група „Грчка инфо“.
Имено, како што истакнала, додека патувала за Грција на одмор, наеднаш и се слошило и се онесвестила покрај патот.
„За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше“.
Ана била единствената која го запрела својот автомобил и дошла да помогне.
„Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила“, раскажува.
Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок миг.
„Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар“, напиша жената.
Александра, од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да отвори „Фејсбук“ профил и да ја сподели приказната, со цел јавно да и’ се заблагодари преку социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…
Мицкоски: За време на владата на Филипче…
Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…
Нова опасност за светската економија: Иран се…
Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…
Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…
Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…
Нова штета на преминот вреден стотици илјади…
Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…