Братот на Рамуш Харадинај, Даут: „Фокусирани сме да станеме дел од НАТО

t

Членот на раководството на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Даут Харадинај вели дека „воено-подбуцнувачките ставови во Србија од страна на остатоците на (поранешниот српски претседател, Слободан) Милошевиќ не се ниту повеќе ниту помалку од нечија потреба за политички опстанок во Србија“.

Во објава на неговата страница на Фејсбук, Харадинај, кој е поранешен борец на Ослободителната војска на Косово (ОВК), вели дека „Косово и неговите безбедносни сојузници денес се стотици пати посилни и подобро подготвени отколку во 98-99 година“, кога се случи војната против Србија во Косово.

„Воено-подбуцнувачките ставови во Србија од страна на остатоците на Милошевиќ не се ниту повеќе ниту помалку од нечија потреба за политички опстанок во Србија. Косово и неговите безбедносни сојузници денес се стотици пати посилни и подобро подготвени отколку во 98-99 година. Овие реторики на балканскиот губитник само ја зголемуваат нашата волја да бидеме подготвени да ја браниме секоја педа од нашата територија, исто како што направивме против балканскиот касапин“, напиша Харадинај.
Тој нагласува дека фокусот на Косово е зачленувањето во Северноатлантската алијанса.

„Фокусирани сме да станеме дел од НАТО и со тоа засекогаш завршуваат безбедносните дебати за Косово“, порача Даут Харадинај

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка организира превоз за клиентите на…

Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…

Драма на небото над Србија: Воени ловци…

Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…

ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…

Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…