Бремените жени да не излегуваат надвор од 10 до 17 часот: До 250 јавувања во брза помош дневно!
Од 200 до 250 јавувања и стотина интервенции дневно бележи периодов Итната медицинска помош. На удар од пеколните горештини се подеднакво и болните и здравите, но како што вели д-р Милица Бубало шеф на Итната медицинска помош, високите температури исклучително лошо влијаат врз здравјето на бремените жени и хронично болните.
– Од 80 до 120 повици дневно се реализираат во зависност од денот, на останатите кои се јавуваат им помагаме со совети. Високите температури влијаат на секој организам и никој не знае што носи во себе, така што и потполно здрави луѓе може да доживеат топлотен удар предизвикан од високите температури. Хроночно болните граѓани мора редовно да си ја пијат терапијата и задолжително да се јават на матичен лекар ако забележат дека не реагираат на терапијата. Да се внимава на редовно хидрирање на организмот, да се носат лесни парчиња облека од памучен материјал и во светли бои, а исто така и да се консумира лесна храна, препорачува д-р Бубало.
Таа посебен акцент става на бремените жени и советува да не излегуваат на отворено помеѓу 10 и 17 часот.
Бремените жени да не излегуваат на отворено во периодот помеѓу 10 и 17 часот. Исто така работниците кои се изложени на физичка работа да бидат ослобедени од истата во истиот временски период, вели д-р Бубало.
Топлото време ќе продолжи и во наредниот период. Сончево и многу топло време со висок УВ индекс прогнозираат метеоролозите и во следните денови.
Мобилните тимови на Црвениот крст на Град Скопје се веќе подготвени за да им дадат прва помош на граѓаните во случај на колапс или изнемоштеност.
– Нашите тимови се подготвени за давање прва помош. Ќе бидат распоредени на повеќе фрекфентни локации во Скопје каде што ќе мерат притисок, ќе делат вода и ќе прават транспорт на лица во колапс, рече претседателката на Црвен Крст на Град Скопје, Сузана Тунева Паунова.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Политико: НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за…
Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска…
Центарот за македонски јазик од Лерин бара…
Центарот за македонски јазик од Лерин апелира…
Изгубена е жена во Скопје, последно е…
Во 15.15 часот во дворот на училиштето…
Израелските сили врзале со лисици и тепале…
Италијанскиот новинар Алесандро Мантовани денес изјави дека…
Рубио ѝ нуди помош на Куба, но…
Марко Рубио испрати порака до кубанскиот народ…