Брисел како вoена зона: Полицијата на готовност, воведени посебни мерки на претпазливост поради најавениот протeст на „Конвојот на слободата“
Од синоќа околу илјада полицајци се во готовност на белгиските гранични премини и приоди кон Брисел со намера да запрат конвој од околу 1.300 возила чија цел е да го блокираат главниот град на Белгија денеска во знак на протест против епидемиолошките мерки и цените на горивата во Европа.
Претпладнево во самиот Брисел е мирно, а сообраќајот е делумно забавен на приодите кон градот поради полициските пунктови.
Полицијата вчера ги предупреди патниците кои одат со автомобил „да го избегнуваат Брисел“, а на оние кои денеска имаат намера да одат на националниот аеродром „Завентем“ во предградието на Брисел им препорача да патуваат со воз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Судири меѓу демонстрантите и полицијата во…
Неколку стотици, главно млади луѓе, протестираа денеска…
Брисел подготвува нови правила за проширувањето на…
Европската Унија подготвува измени во правилата за…
Сали за Инфомакс: Не бараме изговори ниту…
Министерот за европски прашања, Беким Сали, за…
Неколку загинати во пожар во зграда во…
Неколку безживотни тела се пронајдени по пожар…
На Македонија ѝ е нанесена неправда –…
Македонското општество низ изминатите години носеше тешки,…